Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Влеговме во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Влеговме во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Влеговме во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред

Објавено June 17, 2026 10:50
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма говореше за реализацијата на владината програма, улогата на партијата во извршната власт и клучните политички прашања.

Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ стана дел од владејачката коалиција, Димитриевски истакна дека главната цел била да се спречат негативните политички сценарија од минатото и да се обезбеди посилна застапеност на македонските национални интереси.

„ЗНАМ влезе во оваа коалиција за да не гледаме реприза на она што се случуваше во минатото. Нашите мотиви да влеземе во Владата беа Македонците повеќе да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава“, нагласи Димитриевски.

Тој посочи дека неговата партија нема потпишано формален коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ и со коалицијата ВЛЕН, но по завршувањето на парламентарните избори била усогласена заедничка владина програма во која се вградени приоритетите на ЗНАМ.

Според него, министрите од нивните редови, Горан Минчев и Игор Филков, доследно ја реализираат зацртаната програма. Како потврда за тоа, Димитриевски ги посочи оценките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој при посетата на Скопје го потенцирал напредокот во јавната администрација и владеењето на правото — ресори предводени токму од ЗНАМ.

Како едно од најзначајните прашања во изминатиот период, лидерот на ЗНАМ ја посочи непроменливоста на Уставот под услови на нови отстапки и повторно го афирмираше концептот на условени уставни измени.

„Нашиот став останува непроменет. Концептот на условени уставни измени е решение што ги штити националните интереси и обезбедува јасни гаранции за државата и граѓаните“, истакна претседателот на ЗНАМ.

На крајот од гостувањето, Димитриевски порача дека Движењето ЗНАМ ќе продолжи да делува како фактор на стабилност, реформи и заштита на државните и националните интереси, останувајќи доследен на ветувањата дадени пред граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иранската нафта ги турна надолу цените на светските берзи
Следна Статија Мизо: Македонија веќе се соочува со недостиг од кадар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Ново Село: Од Филипче не слушнав ниту еден проект, тој е континуитет на Заев кој ја распродаваше Македонија

Не секогаш локалните избори се само за локални проекти и само за проекти кои се однесуваат на потребите на граѓаните…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ сака да се реформира

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од…

February 13, 2025
ПОЛИТИКА

Славески до приватните превозници: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска

Градоначалникот Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз.…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?