Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово
ПОЛИТИКА

Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово

Објавено October 28, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Бајрам Реџепи, кандидатот за градоначалник на Тетово на „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, негира дека имало средба меѓу претставник на НАИ и кандидатката на Левица, Катка Божиновска, наведувајќи дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи се невистинити и со јасна пропагандна заднина.

Реакцијата на Реџепи доаѓа откако од коалицијата ВЛЕН на неговиот противкандидат во вториот круг, Билал Касами, денеска ги повикаа жителите на општините Тетово, Дебар и Струга и на секоја друга општина каде Албанците се мнозинство дека гласот што на 2 ноември ќе го дадат за НАИ е всушност глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам.

Како доказ за наводната предизборна комуникација меѓу ДУИ и Левица, од ВЛЕН ја посочија фотографијата објавена во дел од медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, која испадна од изборната трка во првиот круг.

Фотографијата, според коалицијата која е дел од Владата, е доказ дека НАИ е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт.

Од друга страна, кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, вели дека станува збор за целосно невистинити и злонамерни наводи, со јасна пропагандна заднина.

„Сакам да ја информирам јавноста дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи, поврзани со една изборна средба, како и начинот на кој тие тенденциозно се толкуваат во некои медиуми, се целосно невистинити, злонамерни и со јасна пропагандна заднина“,вели Реџепи во писмената реакција.

Појаснувајќи ја ситуацијата, тој вели дека станува збор за редовна изборна активност, на која тој заедно со сопругата и активистки од Форумот на жената на НАИ, учествувале на промотивен настан со жени интелектуалки од градот, а во рамките на претставувањето на изборната програма.

На настанот, како што наведува Реџепи, учествувале голем број жени од Тетово, но кандидатката на Левица не била меѓу нив.

„Кандидатката на партијата Левица не беше присутна на таа вечера, и во ниту еден момент не се работи за состанок со одредени партиски структури или за нешто надвор од јавниот карактер на настанот“,вели кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово.

Тој додава дека настанот бил одржан во ресторан во центарот на градот и целосно јавен и оти секој обид да му се дадат други политички конотации е неоснован, тенденциозен и одвратен.

„Овој низок чин зборува повеќе за менталитетот на нарачателите на оваа ниска пропаганда отколку за самиот настан. За разлика од другите, нашата коалиција за Тетово од самиот почеток е со граѓаните и за граѓаните. Немаме што да криеме, ниту потреба да клеветиме. На 2 ноември во Тетово ќе победи слободниот и чесниот глас, а Тетово конечно ќе може слободно да здивне“,вели Реџепи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат
Следна Статија Дојави за бомби во повеќе основни училишта во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: НАИ се распушта по избори

Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лозарите се оставени сами, без никаква поддршка, кажа Филипче од Кавадарци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со лозарите од кавадаречкиот регион. На средбата се разговараше за предизвиците со…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи,…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?