Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат

Објавено October 28, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешните средби со граѓани од Лозово, порача дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за Лозово, Ацо Велковски, е човек кој со своите дела покажа како треба да се развива оваа општина. Филипче потсети дека Велковски во претходниот мандат од 2017 до 2021 година, реализираше проекти кои беа во интерес на граѓаните и напредокот на општината.

“Се изгради нова општинска зграда, градинка, реновирано е училиштето, паркот. Во тој период во Лозово имаше визија, имаше напредок и тоа граѓаните го чувствуваат. И затоа е Ацо повторно кандидат за градоначалник”, рече Филипче.

Од друга страна како што кажа Филипче, актуелниот градоначалник буквално ништо не презема за општината и за граѓаните.

Нема никаква капитална инвестиција, нема продолжување на близу 50-тина проекти коишто во тоа време остана незавршени. Така што сум прилично сигурен дека граѓаните ќе можат да ја почувствуваат разликата, знаат што значи да имаат градоначалник кој работи отворено, транспарентно, кој ја унапредува општината, кој го прави животот полесен, попријатен и поубав. Тука каде што свое место наоѓаат младите, пензионерите, земјоделците, сите категории на граѓани кои живеат во оваа општина”, рече Филипче.

Тој додаде дека во општина Лозово, СДСМ во вториот круг, има поддршка и од коалициските партнери и од еден од независните кандидати, од првиот круг на изборите.

„Им благодарам за поддршката и мислам дека победата тука во Лозово е на дофат“ , рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ
Следна Статија Реџепи, негира дека договараат соработка со Левица за вториот круг во Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Законското решение на СДСМ е напишано брзоплето

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифати законското решение поднесено од СДСМ бидејќи е несериозно…

November 5, 2024
ПОЛИТИКА

Јане Ченто: Доказите укажуваат на комуникации меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во постапката за „27 април“

Јане Ченто, еден од обвинетите за случајот „27 април“, денеска информира дека е поднесена кривична пријава против поранешен јавен обвинител…

April 27, 2026
ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Герасимовски ќе изгуби во Центар

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, вечерва во подкаст посочи дека актуелниот градоначалник на Центар од СДСМ Горан…

July 3, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен

Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен, обелодени на…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?