Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ
СПОРТ

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ

Објавено October 28, 2025 16:34
Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра.

Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството за спорт и Владата на Република Македонија во соработка со Општина Аеродром.

-Со гордост објавуваме дека денеска беше распишан јавниот повик за изградба на спортската сала во Аеродром. Во краток период ќе биде избран економскиот изведувач и ќе започнеме со изградбата на овој значаен спортски објект – информираше министерот Борко Ристовски.

Новата сала ќе биде лоцирана зад Фудбалската федерација на Македонија и ќе содржи неколку мултифункционални спортски терени, наменети за различни спортови и активности. Со тоа, ќе се создадат современи услови за младите генерации, учениците и спортските клубови од ова подрачје да тренираат и да се развиваат во здрав дух.

-Ова е уште еден од проектите со кои го обновуваме спортскиот дух во Македонија и ја градиме современата спортска инфраструктура во сите општини, во сите градови низ цела Македонија. Нашата цел е јасна – да создадеме здрави, активни и успешни генерации – истакна Ристовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минчев: Со Академијата за јавна администрација ќе поставиме нови стандарди во јавната служба
Следна Статија (ВИДЕО) Филипче: Победата во Лозово е на дофат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, пројавил интерес за купување на Ливерпул, и тоа како се прошири како молња во…

January 8, 2025
СПОРТ

Ноле може против Синер дури во полуфинале

Третиот Грен слем турнир во сезоната започнува на 29 јуни и ќе трае до 12 јули, а Новак Ѓоковиќ ќе…

June 26, 2026
СПОРТ

Што видовме досега на СП: Залутани репрезентации, здодевни мечеви

Досега видовме осум мечеви. Што може да се каже освен-здодевни мечеви и залутани репрезентации. Ретко ќе се најде љубител на…

June 14, 2026
СПОРТ

Многу легенди ја видоа победата на Интер во Копа Италија

ж   Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?