Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица го кандидира Мециновиќ за градоначалник на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица го кандидира Мециновиќ за градоначалник на Скопје
ПОЛИТИКА

Левица го кандидира Мециновиќ за градоначалник на Скопје

Објавено August 22, 2025 14:25
Сподели
Сподели

Партијата Левица денеска соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на град Скопје.

-На овие избори ќе ги актуелизираме оние прашања кои никој нема интерес да ги актуелизира. Оваа кандидатура меѓудругото произлегува и од два фактора – првиот што јас, иако сега пратеник во Собранието на Република Македонија имав тригодишен мандат како советник во скопскиот Совет за кој тврдам дека беше најдисфункционалниот Совет во историјата на Град Скопје. Многу работи се блокираа, многу кои беа во интерес на граѓаните не се направија и практично без лажна скромност мислам дека нашата советничка листа заедно со носителката се боревме за прашања кои ќе бидат централни и за оваа наша кампања за град Скопје, рече Мециновиќ.

На прес-конференцијата тој ги нагласи неговите приоритети – јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.

– Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси, истакна Мециновиќ.

Лидерот на партијата Димитар Апасиев, кој го соопшти името на партискиот кандидат за градоначалник на Скопје соопшти дека Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати за градоначалници.

-На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со над 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија, рече Апасиев додавајќи дека во 3/4 општини партијата има инфраструктура и локални ограници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се санираат дефектите на цевководот од хидросистемот Ѓавато
Следна Статија Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата – сега е сè јасно

На денешниот брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, посочи дека Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер на…

December 26, 2025
ПОЛИТИКА

АВМУ: Медиумите да го почитуваат изборниот молк

Од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае до 19 часот на 2 ноември 2025 година, информира Агенцијата за аудио…

November 1, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

Во вчерашна емисија Заспиј ако можеш, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али…

October 30, 2024
ПОЛИТИКА

ЛДП: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?