Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија
ЗДРАВЈЕ

Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

Објавено August 22, 2025 14:28
Сподели
Сподели

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.

Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.

-Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од д-р Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, д-р Теодора Тодорова и д-р Гоце Гулески. За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева. Во операционата сала активно придонесоа инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рентген техничарот Силвана Станковска, информира Министерството за здравство.

Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Левица го кандидира Мециновиќ за градоначалник на Скопје
Следна Статија Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Ако имате висок притисок, од оваа навика мора да се откажете, предупредуваат кардиолозите

Срцевите заболувања со години се водечка причина за смрт кај возрасните, а лекарите посебно ја истакнуваат хипертензијата како еден од…

July 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

На ТОАРИЛУЦ првпат во Македонија е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб

За првпат во државата извршена е интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот…

February 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира деја минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини…

March 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод. -Попладнево разговарав со Директорот…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?