Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

Објавено October 15, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Политичката партија Левица попладнево најави дека ќе поднесе апликација до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, откако Уставниот суд ја одби нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Упатството на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), кое се однесува на распределбата на рекламниот простор за време на изборната кампања.

Според Левица, спорното Упатство довело до целосна цензура на нивната партија, која и покрај тоа што е парламентарна, не добила ниту една секунда медиумски простор за рекламирање во текот на локалните избори. Партијата тврди дека дури и со сопствени средства не ѝ било дозволено да се рекламира, за разлика од, како што наведуваат, „милионското расфрлање на пари“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-Иако контраверзното Упатство, не е објавено во Службен весник, а по својата суштина претставува општ акт и согласно Устав мора да биде објавено за да произведува правно дејствие, ги повредува уставните начела на еднаквост и политички плурализам преку противуставната ЦЕНЗУРА, повредува меѓународни правни акти инкорпорирани во нашиот правен систем, со кои е гарантирано правото на политичко дејствување загарантирано со Европската конвенција за човекови права и со Уставот, сепак, за судиите од Уставен суд тоа не е нималку важно и штетно по уставниот поредок и „во согласност со закон“, настрана што и законот не е уставен – од причина што се работи за дискриминација на партија која е трн во око на олигархијата и нивните газди, нагласуваат од Левица.

-Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре“, се наведува во соопштението на Левица, во кое се додава дека одлуката на Уставниот суд е спротивна на уставните начела на еднаквост и политички плурализам, како и на Европската конвенција за човекови права.

Партијата најави дека нема да запре со правната и институционална борба за, како што велат, основните демократски права, и изрази уверување дека Република Македонија ќе ја загуби постапката пред судот во Стразбур.

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица за оспорување на делови од Упатството на АВМУ за распределба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање на локалните избори. Судот оцени дека Упатството е во согласност со Изборниот законик и претставува техничка операционализација на законската одредба.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, истакна дека иницијативата е поднесена непосредно пред изборниот молк и дека подносителот, како пратеник, имал можност да иницира законски измени во претходните четири години. Тој апелираше за поголема политичка и академска култура од страна на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите на сексуално вознимирување да добијат заштита
Следна Статија Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Личната карта и возачката ќе бидат достапни на мобилен телефон

Со супер апликацијата за мобилни услуги ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги, вели заменик министерот за дигитална…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Боки 13: СДСМ имаа вреќи со црни пари за кампањата за локалните избори 2017 година

Во новото продолжение на документарецот „Рекет’ Бојан Јовановски раскажува за односот што го имал со поранешните градоначалници од СДСМ, Петре…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС

Уставен суд утврди неправилности при изведување на ПОПИС 2021г., но донесените акти кои се укинувачки ќе важат дури за следниот.…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?