Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите на сексуално вознимирување да добијат заштита
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите на сексуално вознимирување да добијат заштита
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите на сексуално вознимирување да добијат заштита

Објавено October 15, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Не е етничко, туку морално и кривично прашање, ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита. ДУИ се обидува скандалот со Фатмир Дехари да го претвори во етничка приказна. Тоа е евтин маневар. Ова не е Албанци против Македонци. Ова е злоупотребувач против жртви. Ова е прашање на достоинство, закон и одговорност, независно од етничката и верската припадност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста слушна содржини кои будат сериозен сомнеж за сексуално вознемирување и притисоци во Општина Кичево. Наместо закрила на жртвите и отворање пат за истрага, ДУИ зборува за „подземје“ и „фабрикувани факти“. Тоа е класичен рецепт за одвлекување внимание од суштината и за заплашување на сведоци.

Нашите ставови се јасни:

1. Итна суспензија на Фатмир Дехари од сите јавни функции до завршување на постапките.

2. Независна форензичка проверка на аудио материјалите од вештаци што немаат допир со политиката. Се што е автентично – во обвинителство.

3. Заштита на пријавувачите и потенцијалните жртви согласно законот; отворање дискретни канали за пријава.

4. Внатрешна ревизија во Општина Кичево за работната средина и можни злоупотреби на службена положба.

5. Јавна осуда на секој обид за етничка манипулација. Достоинството на жените не е партиски штит“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат дека Кичево не заслужува тишина и релативизација.

Граѓаните се зрели и точно знаат дека клевета се крие зад оние што се плашат од вистината.

Ќе инсистираме институциите да постапат професионално и непристрасно.

Во оваа држава правдата не смее да зависи од партиска книшка, етничка припадност или функција“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбележан Меѓународниот ден на руралните жени
Следна Статија Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник

Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се…

June 4, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Поради притисок од власта ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани

Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?