Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лежалките на оваа црногорска плажа чинат 200 евра (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Лежалките на оваа црногорска плажа чинат 200 евра (ФОТО)
БАЛКАН

Лежалките на оваа црногорска плажа чинат 200 евра (ФОТО)

Објавено July 20, 2025 09:15
Сподели
Сподели

На Инстаграм страницата „podgorički.portal“ објавено е видео од плажата Пржно која припаѓа на хотелот Mаестрал, а цените предизвикале лавина коментари.

Имено, цена на комплет лежалки со чадор на оваа хотелска плажа изнесува 200 евра.

Мора да се земе предвид дека станува збор за приватна плажа на хотелот, а не обична градска плажа на која цените на лежалките се движат од 15 до 30 евра.

Судејќи по коментарите под видеото, причината за вака високите цени може да биде заради тоа што хотелската плажа на хотелот да не биде цело време полна и на тој начин да се оневозможи да ја користат гостите од хотелот за кои лежалките најверојатно се бесплатни.

„Откако знам за себе цените се високи на оваа плажа за да не доаѓаат луѓе кои не се гости во хотелот, на лежалките стои бројот на собите така што гостите не мора да стануваат во шест часот наутро за да заземат место“, гласи еден од коментарите.

Маестрал се наоѓа покрај Свети Стефан којшто важи за едно од најексклузивните места во Црна Гора.

Сепак, имало многу луѓе кои негативно реагирале на цените на лежалките на оваа плажа.

„Годинава ништо од море, баш поради лежалките“, „На Кипар се поевтини и тоа на целиот остров“, „Затоа и нема гости“, биле само дел од негативните коментари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Барселона и Манчестер јунајтед се договорија за Рашфорд
Следна Статија За влез во САД уште 250 долари такса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Победник на хрватските општински избори го прослави триумфот по гаќи (ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на Плитвички Езера во Хрватска, Анте Ковач, освои мнозинство во Општинскиот совет со својата Независна листа „Стоп“, додека…

May 19, 2025
БАЛКАН

Aкадемскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка

Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста…

September 6, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ја подигнав Србија, не ми паѓа на памет да бегам

Не ми паѓа напамет да бегам од државата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ бидејќи како што тврди – ја „подигнал“…

December 19, 2024
БАЛКАН

Луѓе се извлекуваат од водата- во тек е спасувачка акција во надојдената Сава

Во Вуковарско-сремската жупанија во Хрватска, утрово се одвива спасувачка акција, за каде полиција  извести дека повеќе луѓе се наоѓаат во…

April 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?