Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето
ЗДРАВЈЕ

Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето

Објавено January 16, 2026 12:45
Сподели
Сподели

Лекарската комора на Република Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, а сè со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи, се нагласува во денешното соопштение.

Докторите секојдневно се соочуваат со последиците по здравјето од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад. Кардиоваскуларните заболувања, малигните болести, хроничните белодробни состојби и бројни други здравствени проблеми, директно или индиректно се поврзани со пушењето и претставуваат сериозен товар и за поединецот и за здравствениот систем, истакнуваат од Комората.

Следејќи ги добрите европски практики, како што се подвлекува во соопштението, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, значително ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници на овие производи – особено кај младите – ефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање здрава животна и работна средина.

Здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси. Веруваме дека доследното почитување на законските ограничувања ќе резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество. Лекарската комора останува подготвена активно да учествува во креирање на јавна свест за опасностите од употребата на никотински и тутунски производи, како и да даде поддршка за мерките што водат кон поздрава, побезбедна и посовесна заедница, потенцираат од Комората.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР предупредува: Лажни пораки за пратки стигаат на телефон – не ажурирајте податоци!
Следна Статија Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Се реконструираат 7 операциски сали, блокот за патологија, биохемија и целосно опремување на ГОБ „8 Септември“ по најмодерни стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ГОБ „8 Септември“ каде што е во тек реконструкцијата и адаптацијата на…

September 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Половина од возрасните во Македонија се пушачи

Речиси 45% од возрасната популација во Македонија активно пуши, што претставува сериозна закана за јавното здравје а Македонија се соочува…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Конечно ќе се потврдат нашите тврдења за исправност во работењето, велат од Стоматолошката комора

Стоматолошката комора на Македонија објави дека со задоволство ја примиле информацијата дека министерот за здравство, Азир Алиу, ги доставил до…

August 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Во текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Во однос…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?