Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија
ПОЛИТИКА

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

Објавено January 16, 2026 12:50
Сподели
Сподели

Видовме 24 часовен молк на премиерот Мицкоски којшто го снема од политичката сцена цел ден, вчера не можевме никаде да го видиме, денеска го очекуваме да се појави, изјави Андреј Жерновски од СДСМ.

Во продолжение неговата изјава 

Тоа не е случајно, требаше да даде одговор за тоа зошто САД не стави на листа.

Ако некој може да даде одговор тоа е сигурно другарот од периметарот, нашиот премиер којшто не убедува 2 години колку блиски пријатели се.

Во недостиг на неговото присуство, што би рекле од неговата партија, за уши го извади министерот за надворешни работи, Муцунски.

Се случи уште една грешка, уште еден трагикомичен настап на политичар којшто многу зборува а ништо не кажува, персонификација на денешната киндер дипломатија.

Мицкоски фактички го надмина својот претходник Груевски, кој заврши на црната листа, Мицкоски за жал ја стави целата држава на црната листа.

Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување.

САД внимателно ја следат состојбата во земјата и ова е јасен сигнал дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред.

Толку од периметарот на Мицкоски, митот кој се обидуваше да го создаде пропадна.

Неговите „одлични, специјални односи“ со САД се толку добри што завршивме во периметарот на Сомалија и како “трет свет”.

Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на Мицкоски кои водат кон затворање, кон изолација на земјата.

Тоа ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите.

Недостигот од економска перспектива за луѓето ги тера младите да заминуваат, да се иселуваат затоа што не гледаат иднина дома.

САД испраќаат порака дека:

– не се задоволни од капацитетот на државата.

– постои недоверба во институциите (безбедност, документација),

– очекуваат реформи кои не се спроведуваат.

СДСМ подолго време укажува дека политиките на изолација на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во ЕУ.

Надворешната политика на владата се сведува на активностите на најблискиот соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ со ноќните волци блиски до Путин.

Овие денови гласни се дипломати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, така наречени експерти и помали сателит-партии кои ги напаѓаат Соеднитети држави па дури тврдат и дека немаме стратешко партнерство.

Парлалено власта спроведува и активна анти ЕУ кампања.

Наместо реформи, намерно се продуцираат судири со Грција и Бугарија, затворени прашања повторно се отвораат, за да се оправда изолацијата а да не се дојде до решенија.

Во таа смисла, мерката на САД е дипломатски сигнал, политички аларм и индикатор за тоа каде реално се наоѓа државата на меѓународната мапа.

Ова се први чекори што ги гледаме, САД носат и Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.

СДСМ ќе продолжи јасно и гласно да ја разоткрива оваа опасна агенда на власта и да се бори против политиките на изолација и загрозување на стратешкото партнерство со САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето
Следна Статија Мисајловски: Нова сила и иднина на Армијата, свечена заклетва на 300 новопримени професионални војници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или…

April 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика

Правата на бугарската заедница не се тема за дневна политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи жалење што лидерот на ДУИ…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска…

May 4, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?