Докторот Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15-ти март годинава, но докторот има поднесено барање за нејзино продолжување. Ова денеска го соопштија од Лекарската комора во однос на последните случување поврзани со д-р Кузмановски.
Во овој момент може да информираме дека се разгледуваат сите аспекти и се прибираат информации и документација од надлежните институции што ќе бидат разгледани на органите и телата на комората во најкус можен рок, по што ќе ја информираме јавноста за донесените одлуки и мерките што ќе се преземат, велат од Комората.