Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
ЗДРАВЈЕ

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија

Објавено January 15, 2025 14:40
Сподели
Сподели

На Клиника за ортопедија изминатово деноноќие извршена е втора успешна трансплантација со коска од починат донор, соопшти Министерство за здравство.

Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.

– Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна, се наведува во соопштението.

Екипата која ја извршила трансплантацијата ја предводел проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.

-Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
Следна Статија Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат и ЕУ да донесе стратегиска одлука како понатаму ќе се постапува со нашиот пример

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Пановски: Ако Скопје не се исчисти веднаш, градот може да биде преплавен со 10.000 стаорци

Кризата со несобраниот отпад во Скопје веќе не е само прашање на хигиена и естетика, туку сериозен здравствен ризик, предупредуваат…

October 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еве на колку степени треба да ви биде климата во возилото за да не ви троши многу гориво

Климатизацијата во автомобилот ја зголемува потрошувачката на гориво, а на неа влијаат различни фактори. Разликите можат да бидат значителни, особено…

July 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

Козле преполна со заболени од сезонски грип

Ширењето на сезонскиот грип ги наполни речиси сите кревети на Клиниката за детски белодробни заболувања. Во Козле лежат 60 деца…

January 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поради небезбедна храна пред Велигден изречени глоби од над 19 илјади евра

Во пресрет на Велигден, државните инспекции затекнаа дел од пазарот неподготвен за засилената празнична контрола. Во 1.221 вонредна инспекција биле…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?