Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев, овој му врати: Дојди и кажи колку публика можеш да донесеш!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев, овој му врати: Дојди и кажи колку публика можеш да донесеш!
ЗАБАВА

Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев, овој му врати: Дојди и кажи колку публика можеш да донесеш!

Објавено August 27, 2025 10:27
Сподели
Сподели

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски упати остри критики кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, затоа што за „Тиквешкиот гроздобер“ наместо да покани македонски изведувачи, поканил од соседството.

РОШТИЛИДАЈА – ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ
Во која држава се наоѓа Кавадарци???
Во која држава е градоначалник Јанчев?
Во која држава зрее Грозјето?
Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
……И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.
Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати….. Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен. Простете ако грешам.
П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат “Кај Буки” и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот.

Јанчев во изјава за Викимедиа го повика пејачот Силјаноски да дојде во Кавадарци, да каже колку публика може да донесеш и да открие каде ќе се вклопи во концептот на манифестација.

,,По навредите за изборот на музичките гости кои годинава ќе настапат на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, а кои се докажани балкански имиња кои насекаде полнат плоштади, јавно го повикувам пејачот Спасен Силјаноски уште утре да дојде во просториите на Општина Кавадарци. Да даде одговор на неколку прашања пред мене, бидејќи јавно ме прозва, но и пред јавноста”, вели кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Градоначалникот додава дека Тиквешки гроздбер во Кавадарци во иминативе години прераснал во настан кој станува популарен ширум Балканот и кој е посетен од десетици илјади гости, и не станува збор само за локална забава со изведувачи кои можат да се слушаат речиси во секој локал, во градовите во земјава, туку за манифестација на која доаѓаат изведувачи кои се ѕвезди во вистински смисол на зборот.

,,Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ,,роштиљада” и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот? Од каде би била таа публика, со оглед на тоа што на настанот во годините наназад доаѓаат гости не само од цела Македонија, туку и од соседни земји?
И да му укажам, бидејќи очигледно не е доволно информиран, сите кавадаречки музичари кои ги спомнува, гостуваат не само на овој, туку и на секој гроздобер кој се одржал во минатото и секогаш биле максимално испочитувани од општината, бидејќи ние во Кавадарци знаеме како да го цениме и поддржиме своето.
Не само локалните музичари, туку секоја година доаѓаат и пејачи од други градови од Македонија. Тиквешки гроздобер не е само една голема сцена, има настапи и на помала сцена и секој настапува таму каде знае дека може да исполни капацитет.
Кога сме кај големата сцена на која годинава ќе настапи српската еворвизиска победничка Марија Шерифовиќ, и за време на чиј настап се очекуваат најмалку 50.000 посетители, нека одговори пејачот дали тој може да гарантира дека ќе донесе барем една петина од таа бројка. Затоа што гроздоберот не е само настан за забава, туку има огромно значење и од економски аспект, колку поголема ѕвезда доаѓа, толку поголем број на гости имаме, и со тоа се поголеми и економските придобивки на нашите граѓани”, вели градоначалникот Јанчев.

На крај, Јанчев потсетува дека и во Македонија има големи музички ѕвезди кои гостуваат на манифестации во регионот и таму ги полнат плоштадите.

“Затоа и постои епитетот музичка ѕвезда, и не може секој да го носи. Кога за настап на некој музички гостин дури и се организира превоз од други градови, кога доаѓа река од народ од сите краеви, а на плоштадите нема место да се фрли игла, недостојно е да се потценуваат тие ѕвезди со евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам. Уште еднаш го повикувам пејачот кој се дрзна да ја навредува традиционалната кавадаречка манифестација, да дојде во општината и да ми даде одговор на прашањата кои еве и јавно му ги поставив”, вели Јанчев за Викимедиа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор
Следна Статија Ѓоковиќ: Најдобриот и најлошиот момент во кариерата ми се случија на ОИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Морган Фримен открива зошто секогаш носи две златни обетки, причината е мрачна

Холивудската легенда Морган Фримен (87) конечно ја откри вистинската причина зошто речиси никогаш не ги вади своите препознатливи златни обетки…

April 10, 2025
ЗАБАВА

Ненадејни пари доаѓаат за еден хороскопски знак

Недела на паричен пресврт! На овие знаци парите сами им доаѓаат, но еден погрешен чекор може да урне се… Овен…

April 14, 2025

Octopath Traveler 0 добива уште една надградба за Switch и Switch 2

Преземете ја веднаш

February 2, 2026
ЗАБАВА

Kуп пари пристигнуваат за 4 хороскопски знаци

Астролозите предвидуваат поволни финансиски околности за четири познати хороскопи во април. Ѕвездите ни подготвуваат посебни финансиски изненадувања оваа пролет, а…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?