Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури
ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Објавено June 8, 2025 10:03
Сподели
Сподели

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови. Апелот е насочен кон сите граѓани, со особен фокус на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.

ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.

Клучни препораки од ИЈЗ:
Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот.
Облечете лесна, широка облека во светли бои; носете капа со широк обод и очила за сонце.
Престојувајте во климатизирани простории, кога е можно.
Ако морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце.
Пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед.
Никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко.
Туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото.
Лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар.
Дополнително, Институтот предупредува: ако некое лице покажува знаци на топлотен удар – како што се топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест – веднаш повикајте итна медицинска помош на броевите 194 или 112.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коко Гоф со пресврт до прв трофеј на Ролан Гарос
Следна Статија (Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Менопауза поврзана со промени во мозокот слични на Алцхајмеровата болест

Студија сугерира дека менопаузата е поврзана со губиток на сива маса во региони вклучени во меморијата и емоциите

January 28, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем. Пред неколку…

June 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лошите навики за спиење се поврзани со дури 172 болести

Доволно квалитетен сон секоја вечер е важен за добро здравје, а лошите навики на спиење се поврзани со дури 172…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот

За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно…

April 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?