Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ле Риголер: Реформите треба да се спроведат не заради ЕУ, туку затоа што тоа е добро за земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ле Риголер: Реформите треба да се спроведат не заради ЕУ, туку затоа што тоа е добро за земјата
МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Реформите треба да се спроведат не заради ЕУ, туку затоа што тоа е добро за земјата

Објавено September 19, 2025 15:57
Сподели
Сподели

Реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Европската Унија го бара тоа, туку треба да се сфатат како нешто што е добро и позитивно и од кое бенефит ќе имаат сите граѓани на оваа земја.

Ова денеска го изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер, прашан за коментар на обвинувањата што доаѓаат од опозицијата дека власта не презема никакви чекори во насока европската интеграција на државата, како и во врска со неодамнешната изјава на евркомесарката за проширување Марта Кос, која изрази загриженост поради отсуството на владеење на правото во Македонија и во другите земји од Западен Балкан, кандидатки за членство во Европската Унија.

Францускиот амбасадор прашањето го оцени како суштинско и како едно од оние кои, како што рече, ние честопати го забораваме.

„А тоа е дека процесот на европско приближување е процес на спроведување реформи и процес на трансформација“,рече Ле Риголер на заедничката прес-конференција со министерот за јавна администрација Горан Минчев, по потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу двете земји за јакнење на капацитетите и професионализација на јавната администрација.

Амбасадорот рече дека тие одблизу го следат спроведувањето на реформите и реформскиот процес и потсети дека набргу ќе биде објавен извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на сите држави кандидатки за влез во ЕУ, меѓу кои и за земјава.

Во тој контекст, тој дипломатски порача да почекаме да го погледнеме извештајот и да видиме што ќе содржи тој.

На крајот од изјавата тој порача дека реформите не треба да се прават само затоа што Европската Унија го бара тоа, туку затоа што од нив корист ќе имаат земјата и сите нејзини граѓани.

„Суштинската работа во којашто јас длабоко верувам е следната – реформите што ги бара Европската Унија не треба да се сфаќаат како ограничувачки, односно не треба да се смета како обврска којашто треба да се спроведе затоа што Европската Унија го бара тоа, туку реформите треба да се сфатат како нешто што е добро и позитивно за земјата, од кои бенефит ќе имаат сите граѓани на оваа земја“,рече францускиот амбасадор во Македонија.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
Следна Статија Мицкоски уште не е повикан во Обвинителството да даде исказ за прислушувањето и следењето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше Општината Кисела Вода. Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?