Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лидерите на ОВК остануваат во притвор во Хаг: Судот стравува од влијание врз сведоците и нови злосторства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Лидерите на ОВК остануваат во притвор во Хаг: Судот стравува од влијание врз сведоците и нови злосторства
БАЛКАН

Лидерите на ОВК остануваат во притвор во Хаг: Судот стравува од влијание врз сведоците и нови злосторства

Објавено October 4, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Поранешните челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) — Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи — ќе останат во притвор на Специјализираните совети во Хаг, поради ризик од влијание врз сведоците и можност за попречување на судската постапка, потврди портпаролот на судот, Мајкл Дојл.

„Судиите проценија дека постои реален ризик секој од обвинетите да го наруши текот на постапката или да изврши нови кривични дела, особено против лица кои сведочеле или се очекува да сведочат пред Специјализираните совети,“ изјави Дојл.

Тачи, Весељи, Сељими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во периодот од 1998 до 2000 година, за време и по конфликтот на Косово.

Портпаролот потсети дека судот веќе има отворено посебен предмет против Тачи и уште неколку поранешни функционери — Башким Смакај, Фадиље Фазљиу, Исниј Киљај и Хајредин Кучи — поврзан со наводи за незаконско влијание врз сведоци.

„На 29 септември, Обвинителството го информираше судијата за претходна постапка за фактите за кои страните се согласиле. Според Деловникот, тоа треба да овозможи побрзо водење на процесот,“ објасни Дојл, пренесува порталот Репортери.

Судијата за претходна постапка најави дека предметот ќе биде упатен пред судечкиот совет во првата половина на ноември 2025 година, откако ќе бидат разгледани жалбите на одбраната.

Во меѓувреме, на судењето сведочеше поранешниот заменик-шеф на УНМИК, Џејмс Кови. По неговото сведочење, адвокатот на Тачи, Лука Мишетиќ, изјави дека одбраната нема да може да го заврши случајот до 14 ноември, како што првично беше утврдено од судот.

Специјализираните совети во Хаг ги процесуираат наводните злосторства на припадници на ОВК против цивили и политички противници за време на и по косовскиот конфликт, а процесот против четворицата највисоки поранешни лидери се смета за еден од најкомплексните во поновата судска историја на Балканот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоинот се доближува до нов рекорд
Следна Статија Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Чешки научници во Албанија го открија најголемото подземно термално езеро во светот

Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско…

February 11, 2025
БАЛКАН

Хрватска затвори патишта поради силни ветрови до 130 километри на час

Поради невремето со урагански ветрови на места со брзина и до 130 км/ч, во делови од Хрватска е на сила…

January 14, 2025
БАЛКАН

Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили…

August 8, 2025
БАЛКАН

„Балкане Балкане мој“: Пропадна Самитот за Западен Балкан поради тендер за организацијата

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?