Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига
СПОРТ

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

Објавено August 1, 2025 08:33
Сподели
Сподели

ФК Вардар го заврши своето кратко европско лето со убедлив пораз на гостински терен од Лозана, Швајцарија – со резултат 5:0, што значеше и елиминација од понатамошните квалификации за европските натпреварувања.

Македонскиот претставник не успеа да се спротивстави на далеку поквалитетниот ривал, кој уште во првото полувреме ги потврди амбициите и класата.

Домашниот тим започна фуриозно и веќе до 33. минута имаше водство од 2:0. Првиот гол беше дело на Дусен, по асистенција на Кустиодио, додека вториот го постигна Сене, по убаво проигрување од страна на Лекуеири. Токму Сене беше најзабележителен на теренот – со два гола во првото полувреме, од кои вториот дојде длабоко во судиското надополнување, по асистенција од Дусен.

Во вториот дел, продолжи торнадото на домаќините. Ајдини во 55. минута зголеми на 4:0, а точка на натпреварот стави Траоре во 84. минута, по додавање од Око. Сите замени кај двата тима не донесоа суштинска промена – Вардар немаше енергија, ниту тактичка длабочина за да се врати во мечот, а секоја нивна грешка беше казнета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Венера влезе во Рак, големи љубовни магии за овие три хороскопски знаци
Следна Статија Македонија со царина од 15 отсто – Tрамп ги објави стапките за земјите од светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Нашиот Бошко Ѓуровски го чуваше Марадона кога го постигна најубавиот гол во историјата

Беше 20 октомври 1982 година, кога 90.000 ѕвездени фанови на Маракана му аплаудираа на Марадона за еден од најубавите голови…

November 6, 2024
СПОРТ

Нејмар се расплака по најтешкиот пораз во кариерата од 0:6: Навивачите имаат право да не пцујат

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на…

August 18, 2025
СПОРТ

ЛШ: Интер го победи Арсенал, Барселона ја декласира Црвена Звезда

Интер со гол на Чалханоглу од пенал го победи Арсенал со 1-0, Барселона со 5-2 ја совлада Црвена звезда во…

November 7, 2024
СПОРТ

Пешиќ официјално на клупата на Баерн

Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Како што вечерва…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?