Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра
СВЕТ

Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра

Објавено October 22, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Француските власти соопштија дека материјалната вредност на предметите украдени при неодамнешната спектакуларна кражба во музејот Лувр изнесува околу 88 милиони евра, но нивното историско и културно значење е непроценливо.

Париската обвинителка Лор Беко изјави дека според проценката на директорот на музејот, штетата е огромна, иако крадците нема да можат да добијат ни приближна сума доколку се обидат да ги растопат вредните парчиња.
„Дури и ако накитот биде продаден на црниот пазар, вредноста нема да достигне ни дел од таа проценка,“ нагласи Беко, пренесува France 24.

Истрагата во полн ек

Во истрагата се вклучени околу 100 инспектори, а не се исклучува можноста дека во планирањето на кражбата учествувале повеќе лица покрај четворицата директни извршители. Според досегашните наоди, крадците на 19 октомври со помош на кран за подигање мебел влегле во познатата Галерија „Аполон“ и украле девет парчиња накит од непроценлива културна вредност.

При бегството, крадците изгубиле еден од предметите — круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, украсена со 1.354 дијаманти.

Кражбата предизвика силни реакции во Франција и пошироко, а културната јавност предупредува дека нападот врз еден од најпознатите музеи во светот претставува удар врз европското културно наследство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 18-годишниот син на Венко Филипче стана бизнисмен
Следна Статија Мафијата вмешана во водење на италијански клуб, сега е под судска управа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп по вооружениот инцидент на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа изјави дека тоа нема…

April 26, 2026
СВЕТ

Tрамп: Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети поради поддршка на насилните протести

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот…

August 27, 2025
СВЕТ

Британскиот министер до Маск: Губи се од нашата политика и од нашата земја

Британскиот министер за енергетика Ед Милибанд вербално го нападна Илон Маск. „Постои глобална мрежа која сака да ги уништи врските…

October 1, 2025
СВЕТ

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?