Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукровски: Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукровски: Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош
ПОЛИТИКА

Лукровски: Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош

Објавено October 22, 2025 08:17
Сподели
Сподели

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вчера гостуваше кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Сотир Лукровски кој на самиот почеток на емисијата дискутираше за неговиот противкандидат за општина Карпош и објасни дека во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, и луѓе кои сите овие години ги распродаде парковите во Карпош, и фронт-опција која ќе ја врати довербата во граѓаните.

„Водам со 1530 мислам гласови пред човекот кој во четири мандата бил градоначалник на општина Карпош, тоа зборува дека луѓето препознаваат во мене човек кој ќе внесе една новина, кој ќе донесе еден нов концепт, нови практики. Во Карпош имаме два фронта, фронт на потрошени играчи, фронт на непринципиелни коалиции, фронт кои не му мислат добро на граѓанинот, кој сите овие години ги распродаде парковите на Карпош, и имаме од другата страна една опција, која е во моментов добитничка, кон која јас верувам дека ќе се приклучат сите граѓани, и ќе направиме една опција која ќе ја врати довербата во граѓаните“, истакна Лукровски.

Лукровски објасни дека работата на сегашниот градоначалник не се чувствува во ниеден сегмент, и дека со неговото доаѓање ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење во Карпош.

„Господинот Јакимовски, е четири мандата, ова што е во последниве четири години, ние не ја чувствуваме работата на општината, на општинските тела, на комуналните служби, во било кој сегмент да допрете. Сотир нема да им донесе згради во парковите на соседите. Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош. Колку партии, колку функции, колку сојузи има направено за да остане на власт, 30 и повеќе години е човекот на државна функција. Бројките зборуваат, сите граѓани кои му мислат добро на Карпош, ќе ја дадат поддршката за оваа опција“, дециден е Лукровски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Не сакав бесмислен состанок со Путин
Следна Статија Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ отворено призна дека коалицијата со ДУИ во изминатите години сериозно…

December 2, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Струмица: Заедно со народот, да ги ангажираме сите капацитети, заедно да го рестартираме системот

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше на состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. -Заедно со народот, да ги ангажираме сите…

March 28, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?