Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов
МАКЕДОНИЈА

Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов

Објавено May 29, 2026 11:22
Сподели
Сподели

Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро.

Од МРФ информираат дека оваа активност е продолжение на напорите за збогатување и заштита на рибниот фонд во водите на Националниот парк Маврово и создавање подобри услови за развој на спортскиот риболов и зачувување на природниот баланс на езерото. На почетокот на мај, во езерото беа пуштени два тони крап со што значајно се подбри рибниот фонд во езерото.

– Македонската риболовна федерација го реализираше второто фазно порибување на Мавровското Езеро со крап, при што беа пуштени дополнителни 2000 кг риба, во соработка со Национален Парк „Маврово“ и со значајна поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и министерот Цветан Трипуновски, се наведува во информацијата на МФР.

Воедно, ЈУНП Маврово испратија потсетување до сите спортски риболовци дека е во сила забрана за лов на крап, која ќе трае до завршувањето на Светското првенство.

– Апелираме до сите посетители и љубители на спортскиот риболов да ги почитуваат правилата и со одговорно однесување да придонесат кон зачувување на природните вредности и унапредување на рибниот фонд во Мавровското Езеро наведуваат од НП „Маврово“.

Светското првенство во лов на крап на Мавровско Езеро – септември 2026 е еден од најголемите спортско-риболовни настани што некогаш ќе се одржат во Македонија. Според најавите, првенството треба да се одржи од 2 до 5 септември. Според рангот ова е најпрестижното натпреварување во спортски лов на крап учествуваат репрезентации/тимови од повеќе држави. Вообичаениот формат на натпреварот е да трае од 72 до 120 часа (нонстоп риболов) со тимови од 2 – 4 натпреварувачи. Победник е тимот со најголема вкупна тежина на уловен крап.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трифун Костовски се враќа во политика
Следна Статија Томовски: Со јавно-приватно партнерство ќе се гради саем во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија добива поддршка: На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски…

October 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans,…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?