Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови
МАКЕДОНИЈА

Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови

Објавено December 21, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Вкупно 27 летови денеска беа погодени од густата магла која ја окупираше Скопската котлина. Билансот на Меѓународниот Аеродром Скопје до 18 часот изнесува 16 откажани и 11 пренасочени летови поради намалената видливост.

Краткотрајно подобрување на временските услови имаше дури во попладневните часови. Тоа овозможи слетување на авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, како и полетување на летовите кон Истанбул, Осло и Баден-Баден.

Сепак, прогнозите не се оптимистички. Од ТАВ Македонија предупредуваат дека според најавите од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на претстојната ноќ.

Од компанијата потенцираат дека аеродромот технички не е затворен, но временските неприлики го диктираат сообраќајот.

„Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците“, се вели во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запрен увоз на 22 тони киви од Србија, имале ларви и инсекти
Следна Статија Почина актерот Лазе Манасков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Телефонската линија 192 повторно е во функција, информираат од МВР. Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски

Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?