Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина актерот Лазе Манасков
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина актерот Лазе Манасков
ХРОНИКА

Почина актерот Лазе Манасков

Објавено December 21, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Македонската театарска и филмска сцена денес остана посиромашна за уште едно големо име. На 66-годишна возраст почина истакнатиот актер Лазе Манасков, долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

Веста за неговото заминување ја споделија неговите колеги, кои и покрај болката, одлучија вечерва да останат на сцената во негова чест.

Изведбата на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе биде посветена токму на нивниот починат колега.

Манасков (Манасковски) е роден во 1959 година во Велес. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1984 година, во класата на професорот Илија Милчин. Кариерата ја започнува во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, а од 1990 година станува дел од Драмски театар Скопје.

Публиката ќе го памети по бројните улоги во култни претстави како „Тетовирани души“, „Црно семе“, „Ангели на отпад“ и „Буре барут“, но и по филмските остварувања, меѓу кои и улогата во „Среќна Нова ’49“.

„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, стои во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маглата направи хаос на Скопскиот аеродром: 16 откажани и 11 пренасочени летови
Следна Статија Денеска календарски ни започнува зимата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач загина откако излета од патот Битола – Демир Хисар

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско,…

July 14, 2025
ХРОНИКА

Грк повреди 23- годишна битолчанка кај Меџитлија

Вчера во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа…

November 22, 2025
ХРОНИКА

Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

Непрописно свртување на автомобилот на пратеникот, но и низа пропусти кај возачот на моторот – ова се наодите на Обвинителството…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Почина Жика-најстариот лав во скопската Зоолошка градина

Скопската зоошлошка градина, за жал, остана без уште едно животно. Од старост угина лавот Жика. Со големо жалење и тага…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?