Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Магнезиумот не е за секого
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Магнезиумот не е за секого
ЗДРАВЈЕ

Магнезиумот не е за секого

Објавено April 5, 2026 19:49
Сподели
Сподели

Магнезиумот е еден од најчесто препорачуваните додатоци во исхраната, особено кога станува збор за подобар сон, помалку грчеви и чувство на смиреност. Но иако често се доживува како нешто што може да се зема без многу размислување, експертите предупредуваат дека суплементацијата со магнезиум не е добра идеја за секого, особено не без претходна консултација со лекар.

Најбезбедно е прво да се провери дали навистина постои потреба од суплемент, каков облик е соодветен и дали тој воопшто е безбеден во комбинација со постојната здравствена состојба и терапија.

Најголем ризик, постои кај луѓе со заболувања на бубрезите. Посебна претпазливост се советува и кај лица со срцеви заболувања, бидејќи неконтролираниот внес на магнезиум може да влијае врз срцевиот ритам и рамнотежата на електролитите.

Се предупредуваат на ризици и луѓе со дијабетес, бидејќи магнезиумот може да го засили дејството на одредени лекови за намалување на шеќерот во крвта и да доведе до хипогликемија. Дополнително, кај лица со воспалителни болести на цревата, како Кронова болест или улцеративен колитис, одредени форми на магнезиум можат да ја влошат дијарејата, надуеноста и болките во стомакот.

Проблемот не е само во здравствените состојби, туку и во интеракциите со други терапии. Магнезиумот може да ја намали апсорпцијата на одредени антибиотици, да влијае на лекови за остеопороза и да влезе во сложен однос со диуретици. Затоа особено внимание се препорачува кај трудници, постари лица и пациенти што веќе земаат повеќе различни лекови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
Следна Статија Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи

Само 300 пациенти со дијабетес тип 1 имаат пристап до инсулински пумпи, а тоа остава огромен број други без вакви…

May 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу се сретна со Кедев: Сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто некои забрзано стареат?

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени…

November 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија,…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?