Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош
ХРОНИКА

Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош

Објавено March 7, 2025 21:01
Сподели
Сподели

Македонец сопственик на компанија е пронајден починат, а неговата фирма била запалена во средата попладне во Крествуд во американската држава Илиноис. Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен во Холанд.

„Кратко по 16 часот во средата, полицијата и пожарникарите на Крествуд одговорија на повикот за силен чад во компанијата „ATG Truckload“. Починатиот сопственик на компанијата е идентификуван како 48-годишниот Дане Котески, кој на веб-страницата на транспортната компанија е наведен како претседател и извршен директор“, пренесоа некои американски медиуми.

„Пожарникарите на Крествуд брзо го изгаснале малиот пожар, кога на вториот кат од зградата, сред густ чад, било пронајдено тело на маж. Полицијата во Крествуд и Единицата за тешки злосторства во јужните предградија веднаш започнала истрага. На местото на настанот пристигнал и Државниот противпожарен инспектор од Илиноис за да започне истрага за подметнувањето пожар

„Во текот на следните неколку часа, инспекторите собраа и следеа бројни траги. Осомничениот е идентификуван. Утврдено е дека станува збор за возач кој работел кај починатиот сопственик на фирмата“, соопштуваат од полицијата.

Полицијата го карактеризира ова злосторството како „изолиран инцидент, насочен само кон жртвата“.

Осомничениот на крајот бил лоциран на постојка за камиони во Холанд, на околу 145 милји од Крествуд. Полицијата соопшти дека Единицата за тешки злосторства ја известила полицијата на Холанд, која го привела осомничениот околу 5:15 часот по централно време.

Се чекаат резултатите од обдукцијата. Полицијата и Единицата за тешки злосторства, во соработка со обвинителството, ја продолжуваат истрагата додека работат на екстрадиција на осомничениот назад во Илиноис.

За помош на семејството на починатиот Котески, започна хуманитарна кампања преку платформата GoFundMe. Секој што сака да помогне може да донира средства, а секоја помош ќе биде од големо значење за семејството во овие тешки моменти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет
Следна Статија ДЗС: Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани 11,9 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Познат идентитетот: Сопатник од Велика Британија загина во сообраќајката кај Битола

На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки,…

March 10, 2025
ХРОНИКА

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946…

June 17, 2025
ХРОНИКА

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега…

February 28, 2025
ХРОНИКА

Ужас во Кавадарци: Татко ги натепал двете ќерки и извршил полов напад

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?