Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

Објавено March 7, 2025 18:28
Сподели
Сподели

НЕ ЈА ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАЈТЕ СМРТТА НА ФРОСИНА, порачува семејството на девојката која почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“.

Тие го кренаа гласот против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Во време кога треба да се подготвуваме за 40-дневниот помен на нашата Фросина, ние сме принудени да се занимаваме со туѓи агенди. Наместо да ни се овозможи достоинствено да тагуваме, повторно сме сведоци на бездушна манипулација со нејзината погибија.

Зошто овој марш започнува токму од местото каде што нашата Фросина го загуби животот?

Таа не е жртва на родово насилство, туку на хулиганството што со години се негува во Македонија преку неказнивоста и неспроведувањето на законите. Оваа наша борба не е за родова еднаквост, туку за правдата која им беше ускратена на безброј жртви на сообраќајното насилство.

Каде беше Хелсиншкиот комитет да даде изјава за сите други жртви на сообраќајното насилство? Каде беше кога судиите носеа срамни пресуди за убијците во сообраќајот? Каде беше кога Судскиот совет не постапи соодветно во случајот со “тета” Даниела Алексовска Стојановска дозволувајќи и да продолжи со носење срамни пресуди?

Како семејство, сметаме дека е крајно недолично да се маршира со тенџериња и дрвени лажици од местото каде што свирепо беше прегазена Фросина. Овој чин не е почит, туку навреда – кон неа, кон нас, и кон сите жртви на беззаконието. Наместо искрена борба за правда, гледаме само инструментализација на нашата трагедијата.

Затоа, јавно бараме од организаторите на маршот да го променат почетното место и да покажат минимална почит кон нашата болка. Ова не е место за перформанс, туку место на трагедија кое треба да остане ослободено од политички и активистички агенди. Доколку маршот има искрена намера за правда, нека започне на друго место.

Длабоко сме разочарани од несовесноста и целосната непочит – и кон жртвите, и кон нас како семејство. За овој настан дознавме преку социјалните мрежи, па затоа и овде јавно кажуваме: нема да бидеме дел од овој марш и не го поддржуваме.

Почитувајте ја Фросина. Почитувајте ја болката на нешето семејство. Не ја користете нејзината смрт како инструмент за туѓи агенди.

Семејството на Фросина

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова медицинска опрема и реновирање на оддели на Клиниката за инфективни болести
Следна Статија Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните протестираат пред „Силбо“, бараат правда за Фросина Кулакова

Стотици граѓани денеска излегоа на протест на булеварот „Паризански одреди“ во Скопје, кај „Силбо“ изразувајќи го своето незадоволство за сообраќајната…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

Во среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР најавува порестриктивни мерки за тротинетите

Министерството за внатрешни работи размислува за порестриктивни мерки за електричните тротинети. Министерот Панче Тошковски денеска најави законски измени во иднина,…

May 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?