Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител на денешната владина седница

Објавено February 25, 2025 08:13
Сподели
Сподели

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде усвоен на денешната владина седница. Како што соопшти вчера премиерот Христијан Мицкоски, постапката може да трае неколку недели или месеци, согласно законот.

Одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес-конференција, за тоа дали на денешната владина седница ќе се разгледа и прифати предлогот за разрешувањето на Коцевски, појасни дека Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.

Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот, рече Мицкоски.

Премиерот и викендов се осрвна на постапката на разрешување на Љупчо Коцевски, но одговори и на прашање за интерпелациите на членовите на Судскиот совет, напоменувајќи дека двата процеса се паралелни, а процедурата е тргната и нема сопирање.

– Министерството за правда е задолжено да достави како ќе оди процедурата. Задутре на владина седница тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема сопирање. Да одиме чекор по чекор. Штотуку слетав, пред 15 минути. Да ме избрифираат соработниците што се случуваше. Следно е Судски совет, тие два процеса се паралелни, едно со друго не се во колизија, нагласи Мицкоски.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

– Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, беше соопштено од Министерството за правда.

Државниот јавен обвинител, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. Тој изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ООН ја отфрли американската резолуција за Украина во која не се осудува Русија, а ја усвои европската
Следна Статија (Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДИК: Јовица Илиевски, е новиот градоначалник на Брвеница

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, е новиот градоначалник на Брвеница, според целосно обработените податоци од…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изградба на кафилерија и гробишта за миленици, најавуваат од АХВ

Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?