Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста
МАКЕДОНИЈА

Македонија го слави 8 Септември- Денот на независноста

Објавено September 8, 2025 08:59
Сподели
Сподели

Денес Македонија одбележува 34 години од својата незавинсност – државен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и само 8-ми Септември. Овој празник ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ, како и историската борба на предците за нивните потомства да живеат во сопствена држава.

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 година. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

По серијата настани и во Хрватска и во Босна и Херцеговина, а се со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Eвропската заедница ја донела Декларацијата за Југославија. Биле потпишани и два документа – Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.

Потпис на Декларацијата ставиле тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на Холандија, која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.

ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕирала од развојот на југословенската криза, на 7 септември во Хаг организира Мировна конфренција за Југославија.

Согледувајќи ја состојбата во Југославија, првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвоил Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на 8 септември 1991. На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање.

Прашањето на кое позитивно одговорија мнозинството гласачи беше: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“, а според официјалните податоци, од тогашните запишани 1.495.626 гласачи, на референдумот излегле 1.132.981 граѓани со право на глас, од кои „ЗА“, заокруѓиле дури 1.079.308 граѓани или 95,09.

Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот.

Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска Давкова доби куче Караман кое треба да биде признаен за автохтона македонска раса
Следна Статија Карлос Алкараз го освои УС Опен и го презеде врвот на АТП листата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на обуката организирна од фондацијата „Конрад Аденауер“

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски учествуваше на обуката за пратениците во организација на фондацијата Конрад Аденауер што се…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Будимпешта каде ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски обзнани: По иницијатива на Мицкоски, МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Смртни закани добива Вајц од бугарски екстремисти поради Извештајот за Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека бил мета на жестоки напади и закани по неговиот живот,…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?