Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч
СПОРТ

Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч

Објавено September 4, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2-1 (1-1) во контролен натпревар што вечерва се одигра на неутрален терен во Прага.

Македонската репрезентација поведе во 40 минута со прекрасен гол со „ножички“ на Александар Трајковски, а Саудијците со пресврт им го нанесоа првиот пораз на избраниците на селекторот Благоја Милевски во последните десет натпревари.

Најпрво Фарас Ал Бураикан го израмни резултатот во 45 минута, а Абдула Ал Хамдан ги постави конечни 2-1 во 78 минута.

За македонската репрезентација ова беше увертира пред неделниот натпревар против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации.

Со осум бодови од четири натпревари, македонската репрезентација е второпласирана во групата Ј, со бод помалку од лидерот Велс кој претходно денеска триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

Натпреварот против Лихтенштајн е закажан в недела на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трамп им ја уништи прославата на Челзи, остана со нив кога го креваа пехарот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи се чудеа зошто американскиот претседател Донал Трамп остана со нив кога требаше да го креваат пехарот. Капитенот…

July 14, 2025
СПОРТ

125 милиони евра за Вирц и 125 милиони евра за Леверкузен

Иако Баер Леверкузен не сака Флоријан Фирц да заврши во Баерн Минхен, сепак кога некој ќе ти понуди 125 милиони…

May 3, 2025
СПОРТ

Хит „преписка“ меѓу Ноле ми Мареј: Извинете тренеру…

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ деновиве престојува во Катар каде ги посети тимовите и возачите на Формула…

November 30, 2024
СПОРТ

Вардар падна во последните секунди, Суперкупот оди во Битола

Актуелниот македонски шампион Пелистер го победи вечниот ривал Вардар со 28-27 во драматичен меч и го освои трофејот во Суперкупот…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?