Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија
СВЕТ

Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија

Објавено September 4, 2025 16:29
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е опседнат со идејата за одмазда за поразот на нацистичка Германија од страна на Советскиот Сојуз, а „жедта за одмазда расте во него уште од детството“, објави Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) во соопштение објавено од ТАСС.

Соопштението на службата доаѓа откако Мерц во интервју го нарече рускиот претседател Владимир Путун најголем злосторник на денешницата.

Според руското СВР, многу европски експерти се збунети од острата антируска реторика на Мерц во време кога, како што тврдат, дијалогот меѓу Русија и Соединетите Американски Држави за Украина напредува.

„Сепак, само оние кои не ја познаваат добро биографијата на Мерц можат да бидат изненадени. Неговите роднини многу добро знаат дека канцеларот бил воспитан според принципите на неговиот дедо и татко. Јозеф Пол Совињи и Јоаким Мерц верно и вистински му служеле на фашистичкиот режим, а Фридрих е опседнат со идејата за одмазда за поразот на нацистичка Германија од Советскиот Сојуз“.

Понатаму во соопштението се тврди и дека „жедта за одмазда растела во Мерц уште од детството, а по почетокот на политичката кариера таа добила форма на сеприсутна страст“.

Службата за надворешно разузнавање претходно тврдеше во изјави дека Мерц се обидува да ја прикрие германската вмешаност во снабдувањето на Киев со крстосувачки ракети и дека Берлин се плаши дека употребата на ракетите „Таурус“ би можела да предизвика руска одмазда.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани
Следна Статија Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Се огласи сопругата на Кирк: Чарли го убија поради патриотизам, вера и милосрдна љубов

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен за време на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика порача дека…

September 13, 2025
СВЕТ

Ројтерс: Пропадна состанокот Трамп – Путин во Будимпешта

Според сите извештаи, најавениот состанок Трамп-Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта следната недела, пропадна. Барем кога станува збор…

October 21, 2025
СВЕТ

Египќани фрлаат шишиња со храна во морето – последна надеж за гладните во Газа

Очајничка, но длабоко симболична акција се шири по должината на египетскиот брег – граѓани, потресени од масовното гладување во Газа,…

July 26, 2025
СВЕТ

Њујорк Тајмс: Американски маринци убиле севернокорејски цивили во тајна мисија

Американските маринци (Navy SEALs) застрелаа и убија повеќе севернокорејски цивили за време на неуспешна тајна мисија за поставување уред за…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?