Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч
СПОРТ

Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч

Објавено September 4, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2-1 (1-1) во контролен натпревар што вечерва се одигра на неутрален терен во Прага.

Македонската репрезентација поведе во 40 минута со прекрасен гол со „ножички“ на Александар Трајковски, а Саудијците со пресврт им го нанесоа првиот пораз на избраниците на селекторот Благоја Милевски во последните десет натпревари.

Најпрво Фарас Ал Бураикан го израмни резултатот во 45 минута, а Абдула Ал Хамдан ги постави конечни 2-1 во 78 минута.

За македонската репрезентација ова беше увертира пред неделниот натпревар против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации.

Со осум бодови од четири натпревари, македонската репрезентација е второпласирана во групата Ј, со бод помалку од лидерот Велс кој претходно денеска триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

Натпреварот против Лихтенштајн е закажан в недела на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шеј покажа зошто е МВП, блесна за нов триумф на Оклахома (ВИДЕО)

Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го…

May 23, 2025
СПОРТ

Како Ашковски избега од Иран

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски во последен момент избега од Иран каде што настапуваше. Во поткастот на ФФМ тој раскажа каков…

March 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Над 130 илјади туристи во мај, најбројни Турците

Во мај годинава, во земјава биле регистрирани вкупно 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни туристи, покажуваат најновите…

July 13, 2026
СПОРТ

Пелистер загуби со двоцифрена разлика на гостувањето во Полска

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?