Македонија со скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година

- Advertisement -

Република Македонија бележи скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година. Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место.

Пред нас од регионот се најдоа Грција на 25-то место, Црна Гора на 50-тото место, Хрватска на 56-то место, а едно место пред нас се најде Бугарија, односно на 61 позиција.

Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на Економист во однос на Индексот на листата за демократија.

Сподели ја оваа статија