Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани

Објавено March 20, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди.

Штип ќе се прости од петмината загинативо пожарот во дискотеката во Кочани. Граѓаните ќе можат да се простат со Дамјан Таневски и Филип Ивановски во Соборниот храм „Свети Никола“, со Филип Стевановски и Александар Коларов во црквата „Успение на Превета Богородица“ во штипско Ново Село, а со Александар Ефремов во црквата „Света Троица“ кај градската капела во Штип.

Граѓаните на Пробиштип ќе се простат со тројцата свои сограѓаникои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тоше Тодоровски полициски службеник со почести, ќе биде изложен во капела во 11 часот,  додека погребот е  во 13 часот на Градските гробишта. Телото на починатиот Матеј Марковски ќе биде изложен во капелата во 13 часот, а ќе биде  погребан во 15 часот на градски гробишта во  Пробиштип. Додеката телото на Никола Насевски ќе биде изложено во домот во село Добрево, а  погребот ќе се изврши во 17 часот.

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот ќе бидат погребани денеска во Скопје и Струмица. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица.

Поглаварот на  МПЦ-ОА г.г. Стефан, повика на сплотеност и молитва по ужасната трагедија во Кочани во која животите ги загубија 59 невини млади луѓе, а над стотина се здобија со тешки повреди. Народната сплотеност и единство, нагласува архиепископот Охридски и Македонски, најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики.

– Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни. Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување. Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија  ̶  да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме. Со Божји благослов, наведува во пораката архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица, повика со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи.

Тој изрази  сочувство до родителите, роднините и блиските на починатите, а на починатите им посака човековљубивиот Бог да ги насели во царството небесно меѓу ангелите и светителите.

Владата вчера ги задолжи државните институции, а на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор им препорача да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани.

Сите  повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, како што информира вчера Министерството за здрaвство, во јавните здравствени установи во државата се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
Следна Статија Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паричката во домот на семејството Мицкоски се падна кај синот Антониј

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека паричката за овој Бадник се паднала кај синот Антониј. Со искрена…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Парадата на гордоста ќе се одржи на 21 јуни низ улиците во Скопје

Парадата на гордоста во 2025 година ќе се одржи во Скопје на 21. јуни со паролото „Ќе (оп)стоиме заедно“. Парадата…

June 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?