Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД

Објавено June 2, 2025 21:35
Сподели
Сподели

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД. Со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа што го усвои Владата, на маса е ставен предлогот за целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, што ќе значи дека стоките што доаѓаат во нашата земја од САД нема да се царинат.

САД се стратешки партнери на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Владата е подготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности и да воспостави трајна соработка врз основа на заемен интерес. Приоритет на оваа Влада е да креираме политики со кои ќе создадеме поволно и предвидливо бизнис окружување за сите компании, вклучително и за домашните и странските компании и на таков начин да изградиме силна економија. На ваков начин ќе придонесеме за зголемување на конкуренцијата на домашниот пазар, додека во меѓународната трговија со едностраното намалување на царинските стапки праќаме порака за забрзување на процесот на реципроцитет во меѓусебната трговска размена – нагласи министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека по овој потег се очекува и САД реципрочно да возвратат и да бидат укинати царините за македонските производи, но нема прецизни информации кога САД ќе возвратат на ист начин, иако таков потег се очекува.

Работиме нешто во моментов, треба да се стрпиме, па ќе бидеме информирани од министерот за надворешни работи – наведе таа.

Законските измени имаат особено значење за секторот енергетика, но и за автомобилската и метало-преработувачката индустрија, како и во металургијата, а тие значат пониски царински стапки за 67 производ, вклучително и за литиум-јонските батерии од 15 на 2,7 проценти. Таа истакна дека во наредниот период се очекува голем увоз на овие таканаречени „сториџи“ за складирање на електрична енергија која се произведува од обновливи извори.

Ова е од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата и одржување на стабилноста на системот. Со измените се врши намалување на царинските стапки за 50 отсто на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ. Како пример, таа наведе дека ако царинската стапка на одредена стока кај нас изнесува 20 отсто, а во ЕУ изнесува 10 отсто, со тековните измени стапката се намалува на 15 отсто, со тенденција за идно понатамошно доусогласување – објаснува министерката Димитриеска – Кочоска.

Таа нагласи дека со измените ќе се усогласиме со царинската стапка што се применува во ЕУ за литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија во секторот енергетика.

Од 1 јули царинската стапка за нив од 15 отсто се намалува на 2,7 отсто со што директно помагаме во енергетскиот сектор. Ова e од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата, системските услуги како и во планирањето на предавањето во мрежа на енергијата од обновливи извори на енергија со цел одржување на стабилноста на системот, но и осигурување на физибилноста на обновливите проекти – рече Димитриеска–Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
Следна Статија Газдата на Панатанаикос може да заглави затвор поради недолично однесување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од утре пензионерите со повисоки пензии

Повисоки пензии од утре добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Влеговме во силен инвестициски циклус во инфраструктурата

Работиме на еден голем инвестициски циклус во делот на автопатиштата, на експресни и регионални патишта, железничката инфраструктура, болници, во секторот…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

За денеска најавен нов бојкот на маркетите

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?