Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, вели Мицкоски

Објавено March 22, 2026 17:36
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените.

Тој потенцира дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

„Цената на бензините ќе се движи од 1,37 до 1,44 евра за литар, а дизелот од 1,52 до 1,55 евра за литар, што е убедливо најниска цена во регионот“, изјави Мицкоски.

Тој направи споредба со соседните земји, посочувајќи дека во Србија бензинот достигнува до 1,83 евра по литар, дизелот околу 1,8 евра, во Хрватска до 2 евра, додека во Грција и Албанија цените се околу 1,9 евра по литар.

Според премиерот, токму поради пониските цени во Македонија, забележан е зголемен притисок од граѓани од соседните земји кои доаѓаат да точат гориво, што ја зголемило потрошувачката за околу 9 проценти, односно дополнителни 150.000 литри дневно.

Најголем притисок, како што рече, има во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, како и Битола и Гевгелија на југ и Куманово на север.

Мицкоски изјави дека Владата очекува стабилизација на цените, при што не се предвидува зголемување на бензините, а евентуалните корекции кај дизелот ќе бидат минимални.

„Со овие мерки директно од буџетот учествуваме во подобрување на стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека мерките ќе важат во наредните две недели, почнувајќи од понеделник, со можност да бидат продолжени доколку има потреба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?
Следна Статија Скопјанец ја фрлил сопругата по скали во семејната куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технолошки идни перспективи по вестите од Венецуела

Фјучерси на суров нафтен благо паднаа. Извршните директори на Nvidia и AMD зборуваат на CES во понеделник

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Зголемена стапка на банкротирани компании во Македонија

Во услови на голем број предизвици од опкружувањето, во текот на 2024 година бројот на правни лица над кои  е…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Обезбедени средства за набавка на новите 150 електрични автобуси, Град Скопје ќе добие 100

На владина седница донесовме одлука, во рамки на влада со влада договорот кој го имаме со Унгарија. Дел ќе биде…

January 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?