Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски

Објавено December 6, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин – од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, порача премиерот Христијан Мицкоски на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Кавадарци.

Осврнувајќи се на економијата во својот говор пред присутните, Мицкоски рече дека државата мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз и да премине кон економија заснована на знаење, технологија и иновации.

– Овој премин бара системски реформски циклус во повеќе области: индустрии базирани на знаење, технологија, ИКТ, биотехнологија, фармација, инженеринг, креативни индустрии – ова е новата економска матрица. Земјата мора да вложува во области што создаваат висока додадена вредност и конкурентност на глобалниот пазар. Дигитализацијата и автоматизацијата се предуслов за приклучување кон европските и светските производствени синџири. Модернизацијата на бизнис-секторот, новите дигитални технологии и технолошките паркови ќе создадат работни места со висока додадена вредност и ќе го зголемат извозниот капацитет. Домашните компании мора да станат мотор на раст преку силна институционална поддршка: капитално вбризгување, кредитни линии, намалени административни бариери и стимули за раст. Националната економија е силна само ако домашните претпријатија се силни. Предвидлива фискална политика, стабилни даночни правила и долгорочно стратегиско планирање, усогласено со европските стандарди – се предуслов за развој. Ниту една компанија не инвестира во држава во која даночните правила се менуваат со дневната политика. Довербата се гради со долгорочност, јасност и транспарентност – рече Мицкоски.

Зелената економија, како што посочи, не е идеолошки проект, туку државна потреба и мора да се инвестира во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти за да се намали зависноста и да се создаде нова економска динамика.

– Стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, а довербата се гради само преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија – нагласи Мицкоски.

Посочи десет принципи кои ја дефинираат парадигмата на модерното водство – достоинство пред сè, правда како единствен легитимен авторитет, знаење како највисока форма на капитал, држава силна, но не и доминантна, нација како заедница, пазарна економија која создава можности, институции кои се јадро на демократијата, европска ориентација како цивилизациска определба – не тактика, туку вредност, технологија и одржливост како нови облици на развој и општество кое се гради со доверба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови
Следна Статија Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Илјада денари помош за плаќање струја за граѓаните со ниски примања

За подмирување на сметките за струја и други енергенси, граѓаните со ниски примања и годинава ќе добиваат помош од државата.…

January 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата за храна во акција: За три дена казнети 22 маркети во вредност од 40.000 евра

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за…

January 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски најавува брза пруга Табановце – Гевгелија до 2031 година

Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија. Изградбата на овој проект ќе чини околу две милијарди…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?