Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ
ЕКОНОМИЈА

ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ

Објавено October 25, 2024 17:45
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денес е последниот ден за поднесување на ДДВ – 04 мсечни и тримесечни пријави. Следејќи го процесот на поднесување, утврдена е забавена динамика во поднесувањето на месечните и тримесечните ДДВ пријави на квартално ниво.

Според податоците до 15.07.2024 година, поднесени биле 13% од очекуваните ДДВ 04 пријави, додека до 15.10.2024 година, овој процент опаднал на помалку од 9%.

Анализите покажуваат дека од 16 до 24 јули годинава, поднесени биле 72% од очекуваните пријави, а во периодот од 16 до 24 октомври, поднесувањето изнесува 67% од очекуваните ДДВ – 04 пријави, што укажува на забавено темпо во поднесувањето на пријавите во текот на месец октомври во однос на јули.

Управата за јавни приходи потсетува на важноста на навременото исполнување на даночните обврски и ја разбира загриженоста на сметководителите од една страна, а ја охрабрува бизнис заедницата да ги поднесе своите документи до сметководителите без одлагање и со цел навремено поднесување на ДДВ – 04 пријавите. Потсетуваме дека законските рокови течат, а системите на УЈП работат 24/7, дури и за време на празниците ги поддржуваат даночните обврзници во овој процес.

Вчера беа поднесени пријави од вкупно 6,873 даночни обврзници, а денес до пладне, поднесени се ДДВ – 04 пријави од 3,234 даночни обврзници, што укажува на вообичаена дневна динамика на поднесување.

Управата за јавни приходи континуирано потсетува на важноста на почитувањето на роковите и обврската на даночните обврзници да бидат одговорни во исполнувањето на своите даночни обврски. Преку персонализирани пораки и информации во јавноста, УЈП ќе продолжи да ги поддржува даночните обврзници во овој процес и да влијае даночните обврзници да бидат даночно усогласени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски – Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг
Следна Статија Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот…

June 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Група американски инвеститори планира посета на Венецуела во март

Чарлс Мајерс, претседавач на Signum Global Advisors, изјави дека подготвува група од 15-20 инвеститори да патуваат до Венецуела во март.

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?