Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност
ЕКОНОМИЈА

Средби со ММФ: Народната банка придонесува за успешно одржување на макроекономската стабилност

Објавено October 25, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Преку одржувањето стабилен курс на денарот за време на инфлациската криза, преземањето одлучни чекори за намалување на инфлацијата и зачувувањето на стабилноста на банкарскиот сектор, Народната банка имаше клучна улога во одржувањето на стабилноста во економијата, придонесувајќи кон попредвидливо окружување за фирмите и поддршка и заштита на домаќинствата. Ова беше посочено на состаноците коишто ги остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, Жероен Клик кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор, во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат во Вашингтон, САД. Средбите беа одржани заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и нејзиниот тим.

На средбите беше искажано признание за Народната банка, којашто преку комбинација на монетарни и макропрудентни мерки, успеа да ги стабилизира инфлациските очекувања и истовремено да ја задржи финансиската стабилност. Соодветната поставеност на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември 2024 година. Банкарскиот сектор за целиот кризен период ја задржа и ја подобри отпорноста и беше значајна потпора за фирмите и домаќинствата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека најновите оцени за инфлацијата, којашто се движи во рамките на очекувањата, како и постојаните поволни движења на девизниот пазар, овозможуваат и натаму постепено и претпазливо да се нормализира монетарната политика. Сепак, таа нагласи дека Народната банка и во иднина ќе има внимателен пристап при носењето одлуки за монетарната политика и ќе ги следи ризиците од надворешното и домашното окружување. „Водењето внимателни макроекономски политики ќе биде нашиот приоритет и во иднина и Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок“, посочи гувернерката.

Според есенските проекции на Меѓународниот монетарен фонд, објавени во октомврискиот Светски економски преглед, инфлацијата во земјава ќе се намалува и годинава (3,3%), и следната (2,3%), а до 2026 година ќе се сведе на 2%. Од ММФ препорачуваат натамошно водење претпазливи политики и будно следење на состојбите.

Во рамките на Годишните средби, делегацијата ќе има состанок и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ
Следна Статија Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата утре ќе носи вонредни мерки за цените на горивата

Владата утре на вонредна седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на горивата.…

March 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе се готови до крајот на 2026, рече Николоски

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и…

January 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе присуствува и Мицкоски: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?