Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската редакција на Радио Слободна Европа се затвора на 31 март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонската редакција на Радио Слободна Европа се затвора на 31 март
МАКЕДОНИЈА

Македонската редакција на Радио Слободна Европа се затвора на 31 март

Објавено March 25, 2026 17:50
Сподели
Сподели

Она што се очекуваше по доаѓањето на Доналд Трамп по втор пат во Белата куќа со македонската редакција на Радио Слободна Европа конечно и се остварува.

Таа престанува да работи за една недела, на 31 март.

Веста ја објави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. Заедно со македонскиот сервис на Радио Слободна Европа се затвора и паштунската служба, Радио Машал, наменета за корисниците во Авганистан и дел од Пакистан.

„Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, објави Капус на социјалната мрежа Икс.

На крајот на февруари Стивен Капус речиси со истите зборови го најави затворањето и на канцелариите на Радио Слободна Европа/Радио Либерти во Бугарија и Романија исто така на 31 март поради намалување на буџетот.

Тогаш изгледаше дека можеби ќе се најде некој начин да продолжи финансирањето на македонскиот сервис, но очигледно тој обид беше неуспешен, па затворањето изгледа како набрзина доонесена одлука.

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа е многу почитувана редакција во овдешната јавност поради професионализмот во новинарството. По затворањето на Ал Џезира Балканс ова е уште еден силен удар на независното новинарство во Македонија кое не е дел од политички и други структури.

Прекинувањето на работата на овие четири сервиси е последица на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата одлука пред една година да потпише извршна наредба со која се суспендира финансирањето за Агенцијата на САД за глобални медиуми, а со тоа и државните средства за Гласот на Америка, како и средствата за Радио Слободна Европа и Радио Слободна Азија.

Радио Слободна Европа, кое е финансирано од американскиот Конгрес, е основано во 1950 година за време на Студената војна за емитување во комунистичкиот блок. Четири децении подоцна, тоа придонесе за падот на тоталитарните режими во Централна и Источна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи
Следна Статија Викендов започнува летното сметање на времето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан

Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија: Ќе мора да има одговорност, некој упорно го потпалува градот

Некој упорно сака го потпалува градот и за тоа ќе мора да има одговорност, објави градоначалникот на Кисела Вода Орце…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се затвора култната сендвичара „Седмица“ кај Грчката амбасада

Седмица кај Грчката амбасада, првиот дуќан на една од најпрепознатливите скопски сендвичарници, се затвора по речиси четири децении работа, но…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Галичник третa недела отсечен – Жителите без пат, струја и улично осветлување

Во апел на месната заедница Галичник пренесен преку социјалните мрежи се бара овозможување на проодност по локалниот пат од Маврово…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?