Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи
МАКЕДОНИЈА

Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи

Објавено March 25, 2026 17:49
Сподели
Сподели

81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура.

Според специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос, повеќето пациенти имаат лесна клиничка форма и се испратени на домашно лекување, додека едно лице е задржано за понатамошна терапија на Интерно одделение.

„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна, лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма. На одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, изјави Сидиропулос.

Причината за здравствените проблеми, според пријавите на пациентите, е конзумирањето на лазањи со сос од кујната на РЕК Битола. Надлежните институции започнаа истрага и анализа на инцидентот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
Следна Статија Македонската редакција на Радио Слободна Европа се затвора на 31 март

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Над една милијарда евра од наплатени приходи во втората половина од 2024 година во Царинската управа

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?