Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонска делегација на чело со претседателката во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонска делегација на чело со претседателката во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители
МАКЕДОНИЈА

Македонска делегација на чело со претседателката во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители

Објавено May 24, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, која ја предводи македонската државно-црковна делегација во Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, денеска ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

Вечер, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова, јави известувачот на МИА, ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

Македонската делегација предводена од претседателката Силјановска – Давкова вчера во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 мај – Денот на сесловенските просветители.

Со молебенот чиноначалствуваа митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф и епископот Стобиски, господин Јаков, во придружба на повеќе свештенослужители.

На свечениот чин во базиликата присуствуваа и министерот за култура Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и претставникот на Католичката црква протојереј ставрофор отец Зоран Стојанов.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. 

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто ги славиме светите браќа Кирил и Методиј?
Следна Статија Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар, едно од можните решенија е прераспределба

Вакциналните пунктови низ државава се соочуваат со недостиг од кадар. Од Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари,…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција и на средба со Виктор Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта ќе присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности…

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?