Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар, едно од можните решенија е прераспределба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар, едно од можните решенија е прераспределба
МАКЕДОНИЈА

Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар, едно од можните решенија е прераспределба

Објавено January 25, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Вакциналните пунктови низ државава се соочуваат со недостиг од кадар. Од Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, во изјава за МИА велат дека на територија на градот Скопје, но и во државата, генерално, постои голем дефицит на медицински сестри насекаде, вклучувајќи ги и пунктовите за вакцинација. Од Министерството за здравство пак, потенцираат дека се работи на обезбедување на неопходниот кадар во сите здравствени установи.

Според податоците со кои располага Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, во општина Гази Баба, како една од поголемите општини со голем број пунктови, недостасуваат сестри во претшколските и во школските диспанзери, а во општина Прилеп недостасуваат две, односно четири медицински сестри во овие диспанзери.

Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, за МИА вели дека во овој момент, едно од можните решенија за да се надмине проблемот е правилната прераспределба.

Дека е зголемен интересот за вакцинација против пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, потврди вчера заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по

Од општините каде има доволен и непотребен број медицински сестри, истите да се прераспределат во здравствените домови каде што недостасуваат на територија на град Скопје. На пример, со случајот во општина Прилеп, каде до 15 јануари, шест доктори од концензионерските ординации заминаа во пензија, зад себе оставија медицински сестри кои во моментов се без работа. Со нивно вработување, како искусни медицински сестри, може веднаш да се надополни дефицитот, истакнува Бешлиовска.

Како што додава Бешлиовска, едно од главните решенија е и континуираното организирање конкурси за вработување и тоа не само во овој дел, туку на сите нивоа во здравствениот систем. 

И тоа не само во овој дел, туку и во патронажните служби, како и во стационарите на секундарно и терциерно ниво на здравствениот систем. Заклучокот е дека сепак, превенцијата е најважна. Само еден грам превенција спречува тони лекувања, а нам ни е најважно да направиме сè за доброто на корисниците на услугите, односно за пациентите, нагласува Бешлиовска.

МИА се обратила и до Министерството за здравство, од каде побарале одговор дали има недостиг на кадар во пунктовите за вакцинација низ државава. Во одговорот којшто го добивле оттаму се вели дека сите пунктови функционираат согласно потребите на населението и вакцинацијата се спроведува непречено.

Министерството за здравство континуирано работи на обезбедување на неопходниот кадар во сите здравствени установи. Континуирано се реализираат обуки на кадарот за вакцинација, зајакнати се инфраструктурните капацитети, со цел да се одговори на сите предизвици и да се обезбеди непречена и ефикасна вакцинација во целата држава, се наведува во писмениот одговор на Министерството за здравство. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ова е „втората Бела куќа“! Меланија живее во замок со олимписки базен, 58 спални соби и многу луксуз
Следна Статија Хамилтон со една фотографија му донесе на Ферари речиси половина милион долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Денеска во македонската влада двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија постигнаа историски договор со Владата на премиерот Христијан…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во вторник ССМ излегува на протести

Задутре членството на Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов: Ние македонските бранители го одбранивме територијалниот интегритет и суверенитет на татковината

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија со своја честитка излезе и Стојанче Ангелов, актуелен директор на…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите

Министерството за внатрешни работи (МВР) во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?