Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските граѓани очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонските граѓани очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци
МАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци

Објавено April 13, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Мнозинството граѓаните сметаат дека некој друг е одговорен за војната во Украина повеќе отколку самите Русија и Украина, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 28,9% од граѓаните сметаат дека некој друг е одговорен за конфликтот во Украина, 15,9% вината ја гледаат во Русија, 16,3% во Украина додека 21,5% во двете земји.

На ова прашање граѓаните одговараа и на анкетата на „Детектор“ пред 2 години и тогаш, значително поголем број граѓани сметаа дека Русија е виновна. Најголема е промената кај оние кои гледаат вина во Украина. Ако во 2023 година имаше само 5,9% кои вината ја лоцираа во Украина сега тој процент скокнал на 16,3% што е повеќе од 2,5 пати.

Според огромно мнозинство граѓани, 47,3% во досегашниот тек на војната не победува никој. 28,1% сметаат дека победува Русија а само 4,2% Украина.

Споредбата со анкетата од 2023 година од истиот институт, покажува дека значително се намалил бројот на граѓани кои сметале дека победува Украина а уште повеќе се зголемил бројот на луѓе кои се убедени дека во досегашниот тек на војната победува Русија.

Според граѓаните многу поголема штета од санкциите кои и беа воведувани на Русија претрпе Европа отколку самата Русија.

Само 5,5% сметаат дека воведените санкции и прават повеќе штета на Русија додека 36,7% се убедни дека повеќе од штета трпи Европа. Сепак, мнозинството или 39,9% сметаат дека и двете страни трпат штети.

65% од граѓаните сметаат дека во досегашниот тек на војната Македонија доволно и помогнала на Украина додека 10,5% сметаат дека сме можеле и повеќе.

Споредбата со ланската анкета покажува дека за 10 поени се зголемил бројот на граѓани кои денеска сметаат дека доволно сме и помогнале на Украина са сметка на падот од 5 поени кај оние кои сметале дека сме можеле и повеќе.

Во однос на крајот на војната со иницијативата на американскиот претседател Трамп, граѓаните се оптимисти. 63,6% сметаат дека војната со помош на Трамп би можела да заврши во следните неколку месеци за разлика од 18,5% кои не го очекуваат тоа.

Истражувањето на јавното мислење за „Детектор“ го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младите земјоделци добиваат финансиска поддршка од владата преку јавен повик– На располагање до 600.000 денари за сопствено производство
Следна Статија Македонски професор по географија избран за академик во Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициска контрола влегла во ,,Пулс” неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле

Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот Љутков доби кривична од Синдикатот- тој ги отфрла обвинувањата

Претставници на Синдикатот на културата денеска на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?