Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските ракометари на мегдан против Португалија
СПОРТ

Македонските ракометари на мегдан против Португалија

Објавено January 18, 2026 10:52
Сподели
Сподели

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија. Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото место, додека во 2020 година го освои шестото место што е нивни најдобар резултат на првенствата.

И за двете репрезентации ова е деветто европско првенство, а македонската најдобриот пласман во постигна 2012 година со освојувањето на петтото место.

– Ќе се потрудиме да одиграме подобро од првиот натпревар и секако да им го „расипеме“ планот дека ќе се борат за медал, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Овие две репрезентации имаат одиграно десет меѓусебни дуели и сите во квалификации за Европско првенство, а ова ќе биде прв натпревар на големо натпреварување. Последните два натпревара ги доби Португалија кои беа одиграни во март 2023 година. Но, македонските ракометари имаат остварено триумфи против Португалија, кои значеле и пласман на големи натпреварувања, а елиминација на противникот.

Се очекува и на денешниот натпревар македонските навивачи да бидат поддршка за македонскиот национален тим.

Натпреварот во Хернинг почнува во 18 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, најави Коце Трајановски
Следна Статија Ќе присуствува и Мицкоски: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Деби гол на неуништливиот Модриќ за победа на Милан

Фудбалерите на Милан ја победија Болоња (1:0) на „Сан Сиро“ во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А. Херој…

September 15, 2025
СПОРТ

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во…

March 20, 2025
СПОРТ

Лазаров: Имаме убави спомени од Вараждин, нека биде така и сега

Вараждин е добро познат град за македонските ракометари кога се во прашање големите турнири. „Имаме позитивни сеќавања од 2009 и…

January 7, 2025
СПОРТ

РК Вардар на домашен терен ја загуби титулата

Еурофарм Пелистер е нов шампион откако вечева нагости го победи Вардар со 32-20 Натпреварот беше изедначен, ниту една екипа немаше…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?