Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските ракометари поразени од Јапонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските ракометари поразени од Јапонија
СПОРТ

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Објавено November 1, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете селекции го одиграа во рамки на ЕХФ неделата.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров заминаа на полувреме со гол предност, но во продолжението им дозволија на јапонските ракометари да го преземат водството и во 45 минута да поведат со највисоки 28-25.

Јапонија ја зачува предноста во неизвесна завршница во која македонските ракометари не успеаја да ги реализираат двата последни напади.

Серафимов со седум голови беше најефикасен во македонските редови, а Томовски на голот запиша 12 одбрани.

Во првиот натпревар одигран во четвртокот во Скопје, избраниците на Лазаров ја совладаа јапонската репрезентација со 29-27.

Македонските ракометари ги искористија двата контролни натпревари против Јапонија во рамки на ЕХФ неделата како дел од подготовките за настап на Европското првенство во јануари идната година.

Македонската репрезентација на завршниот турнир ќе игра во групата Б во данскиот град Хернинг против домаќинот Данска (16 јануари), Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: До 20:00 часот гласале 3.327 од вкпуно пријавените 4.826 болни или немоќни лица
Следна Статија (ВИДЕО) Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Челзи со фантастично второ полувреме ја освои Лигата на Конференции

Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“…

May 29, 2025
СПОРТ

Шпанија испадна од Евробаскетот – Познат костурот во нокаут фазата

Актуелниот европски првак Шпанија го заврши учеството на Европското првенство. Во драматичен натпревар, во Лимасол, Грција ја победи Шпанија со…

September 5, 2025
СПОРТ

Наезда на глувци на „Олд Трафорд“: Трагите од глодари биле пронајдени во тезги со храна!

Наезда на глувци имало на домашниот стадион на Манчестер јунајтед, објави „Дејли мејл“. Здравствените инспектори пронајдоа докази за глодари во…

December 24, 2024
СПОРТ

Сензација: Ливерпул испадна од последниот тим во втората лига

имот на Ливерпул претрпе пораз на гости кај Плимут во осминафиналето од ФА Купот со 0:1. Стрелец на единствениот гол…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?