Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ пред полуфиналето со Синер: Фокусиран сум само на сопствената игра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓоковиќ пред полуфиналето со Синер: Фокусиран сум само на сопствената игра
СПОРТ

Ѓоковиќ пред полуфиналето со Синер: Фокусиран сум само на сопствената игра

Објавено June 5, 2025 18:57
Сподели
Сподели

Новак Ѓоковиќ е фокусиран на сопствената игра и не размислува за тоа каква тактика ќе користи светскиот рекет број 1, Јаник Синер против него во претстојното полуфинале меѓу двајцата на Отвореното првенство на Франција.

Србинот стигна до своето 51-во Гренд Слем полуфинале со победа во четири сета над третиот носител Германецот Александар Зверев во среда вечерта. 38-годишниот тенисер останува цврсто во борбата за рекордна 25-та Гренд Слем титула и четврта на Ролан Гарос.

Но, тој се соочува со сериозна пречка на патот – лидерот на АТП, Синер, кој покажа одлична форма во Париз во текот на изминатите две недели.

Италијанецот, 23-годишен, сè уште не изгубил сет на овој турнир.

-Знам што да очекувам од Јаник. Тој ќе излезе и ќе игра на многу високо ниво, како што правеше на практично секој турнир на кој играше во последната година и пол. Не очекувам ништо помалку од него. Но, вакви натпревари и вакви предизвици го извлекуваат најдоброто од мене. Да играм до пет сета, во последните фази од Гренд слем против број еден во светот, не може да се добие поголема мотивација од тоа за мене на таа возраст. Така го гледам сега. Како ќе го спречам? Не размислувам за тоа. Размислувам како ќе правам што сакам на теренот и како ќе се чувствувам онака како што сакам, рече Ѓоковиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос
Следна Статија Величковски од Народната банка: Финтек-решенијата носат промени во дигиталните плаќања и отвораат нови можности за трговците и граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија убедливо ја победи Летонија во Рига

Македонската фудбалска репрезентација оствари важна победа од 3-0 на гостувањето кај Летонија и останува на првата позиција во својата група…

October 10, 2024
СПОРТ

Олмо и Пау Виктор се слободни фудбалери

Барселона се соочува со огромен проблем откако каталонскиот гигант не успеа во предвидениот рок да ги регистрира Дани Олмо и…

January 1, 2025
СПОРТ

„Летачот на орли“ има нов поздрав (ВИДЕО)

Гранит Џака, репрезентативец на Швајцарија го постигна последниот гол во победата над Босна и Херцеговина. Тој е познат по својот…

June 19, 2026
СПОРТ

(ВИДЕО) Драма во Амстердам: Унгарски фудбалер колабираше на клупата и беше реанимиран

Драматични сцени во Амстердам каде во Лигата на нации се среќаваат Холандија и Унгарија. На почетокот на мечот, Адам Салаи,…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?