Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските ракометари поразени од Јапонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските ракометари поразени од Јапонија
СПОРТ

Македонските ракометари поразени од Јапонија

Објавено November 1, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација загуби вечерва во Куманово од Јапонија со 31-32 (17-16) во вториот контролен натпревар што двете селекции го одиграа во рамки на ЕХФ неделата.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров заминаа на полувреме со гол предност, но во продолжението им дозволија на јапонските ракометари да го преземат водството и во 45 минута да поведат со највисоки 28-25.

Јапонија ја зачува предноста во неизвесна завршница во која македонските ракометари не успеаја да ги реализираат двата последни напади.

Серафимов со седум голови беше најефикасен во македонските редови, а Томовски на голот запиша 12 одбрани.

Во првиот натпревар одигран во четвртокот во Скопје, избраниците на Лазаров ја совладаа јапонската репрезентација со 29-27.

Македонските ракометари ги искористија двата контролни натпревари против Јапонија во рамки на ЕХФ неделата како дел од подготовките за настап на Европското првенство во јануари идната година.

Македонската репрезентација на завршниот турнир ќе игра во групата Б во данскиот град Хернинг против домаќинот Данска (16 јануари), Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: До 20:00 часот гласале 3.327 од вкпуно пријавените 4.826 болни или немоќни лица
Следна Статија (ВИДЕО) Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шеј покажа зошто е МВП, блесна за нов триумф на Оклахома (ВИДЕО)

Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го…

May 23, 2025
СПОРТ

Eдна несреќа не оди сама: По поразот од Нотингем Тудор остана и без таткото

Тотенхем му изрази сочувство на Игор Тудор по смртта на неговиот татко. „Сите во клубот се скршени од веста дека…

March 23, 2026
СПОРТ

Реал со многу мака ја елиминираше Бенфика на Мурињо

 Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, во Винисису Жуниор гледа лидер на неговиот тим. Реал синоќа ја победи Бенфика со…

February 26, 2026
СПОРТ

Ѓоковиќ против Алкараз во полуфиналето на УС опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот на Отвореното првенство на САД со…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?