Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски винарии го најавија Денот на станушината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонски винарии го најавија Денот на станушината
ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

Објавено May 4, 2025 20:26
Сподели
Сподели

„Македонски семејни винарии” го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на кој ќе се дегустира единствената македонска автохтона сорта, а ќе има и предавања од еминентни домашни и светски познавачи на виното, дегустација на над 35 различни етикети на вино со добра музика и македонска храна.

Со законските олеснувања од пред пет години, како и со грантовите за поддршка на фамилијарните бизниси во лозаропроизводството, расте бројот на малите семејни винарии, како македонски вински амбасадори во светот, информираа од здружението со седиште во Кавадарци.

Притоа се осврнаа и на многубројните награди за квалитет што ги освојуваат винариите членки на здружението, во земјава и надвор од неа.

Манифестацијата ќе се одржи на 10 мај во Кавадарци и на 11 мај во Скопје.

Станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје. Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено ниво, нагласија од здружението.

Притоа беа децидни дека иако оваа сорта на грозје е малку застапена, со децении назад од неа се прави квалитетно вино.

-Во рамките на здружението, има семејни винарии што ја негуваат оваа сорта. Од страна на семејните винарии, виното од автохтоната сорта се продава под различни имиња, информираа од здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избори во Романија: Според излезните анкети, Симион води со речиси една третина од освоените гласови
Следна Статија Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за раст на македонската економија, се проценува раст од 3 отсто

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Прв лет Скопје-Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Сите оние политички неработници кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека за разлика од порано, со…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?