Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски информатичари освоија сребрен и бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Кипар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски информатичари освоија сребрен и бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Кипар
МАКЕДОНИЈА

Македонски информатичари освоија сребрен и бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Кипар

Објавено October 30, 2025 11:11
Сподели
Сподели

Ново одлично претставување на младите македонски ученици – информатичари, како заокружување на уште една, исклучително успешна година за Македонија на олимпијадите по информатика.

На 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која од 24-ти до 30-ти октомври се одржува во Ларнака, Кипар, нашите ученици остварија значаен резултат. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години, составен од Владимир Грчев од Кочани, Марко Кренков од Струмица, Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и еден бронзен медал.

Со овие два медали, вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните информатички олимпијади во текот на 2025 година изнесува два златни, три сребрени, пет бронзени медали и шест олимписки пофалници – остварување што е достојно за почит, дури и за многу поголеми држави.

Членовите на македонскиот тим за ЈБОИ 2025 беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари кој континуирано го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава по 36-ти пат. Натпреварите се одвиваат преку системот mendo.mk, достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И оваа година циклусот натпревари беше реализиран со поддршка на ФИНКИ, „Бистри умови“, како и неколку општествено одговорни компании.

Јуниорската балканска олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години од земјите на Балканскиот регион. Секоја земја учествува со тим од најмногу четворица натпреварувачи, тим-лидер и заменик лидер, а натпреварувачите решаваат алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена.

Официјален домаќин на ЈБОИ 2025 е Република Кипар, а главен организатор е Здружението на информатичарите на Кипар, заедно со Министерството за образование, спорт и младина на Кипар. На олимпијадата учествуваат вкупно 33 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.

Во ваква исклучително силна конкуренција, сребрениот медал за Македонија го освои Марко Кренков, а бронзениот – Владимир Грчев, додека Зоран Илијоски и Јаков Грујовски се враќаат со олимписка пофалба.

Во својата изјава, претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов истакна дека нашите млади информатичари покажуваат континуитет на врвни достигнувања и силен потенцијал за идни меѓународни успеси.

„Горди сме на секој од нашите натпреварувачи – не само поради освоените медали, туку и поради сериозноста, посветеноста и професионалниот настап што го покажаа во текот на целата година и на самото натпреварување. Нивниот резултат не се само моментален успех туку е знак дека во следните години ќе имаме силни тимови и на сениорските натпревари како Интернационалната и Балканската олимпијада“.

Тој додаде дека подготовките за следниот циклус натпревари започнуваат веднаш по завршувањето на оваа олимпијада, со цел да се задржи и унапреди високото ниво на резултати кое Македонија го постигнува во последните години, и ги повика сите заинтересирано ученици да се вклучат во натпреварите.

„Ние неуморно продолжуваме да работиме со младите таленти. Нашата цел не е само освојување на медали, туку создавање генерации кои ќе продолжат да го развиваат дигиталниот и технолошкиот екосистем на земјата“, нагласи тој.

Следната, 19. по ред, Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026) ќе се одржи идната година во Сараево, Босна и Херцеговина

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски да каже како неговото семејство се стекнало со градежни парцели во Жданец и луксузна хациенда во Грција?
Следна Статија Расте бројот на заболени од сезонски грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре е Велики петок – најтешкиот ден во годината

Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од првите 100 дена нова…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

МКД.Мк: Капушевски во 2019-та увезувал отровен мазут од Хрватска

Компанија РКМ на Ратко Капушевски  во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори од…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?