Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски професор по географија избран за академик во Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски професор по географија избран за академик во Британија
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Објавено April 13, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки на Обединетото Кралство, објавува Канал 5 ТВ.

Академијата како врвен научен орган е престижна струкова академија која ги соединува и претставува сите општествени науки во Велика Британија и Северна Ирска Проф. Бужаровски е номиниран за член на академијата од страна на Кралското географско друштво, кое е централна научна и наставна асоцијација од областа на географските науки.

Во моментов работи на проект за јакнење на капацитети на високото образование во Македонија.

Во 2019 е прогласен за „Секојдневен херој“ од страна на Европската унија, за неговите заложби за борба против енергетската сиромаштија кои се однесуваат на тоа колку е важно да се градат домовите со подобра изолација заради климатските промени.

Проф. Бужаровски има завршено додипломски студии на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет при УКИМ.

Веќе 26 години живее и работи на универзитетот Оксфорд. Автор е на над 150 научни трудови од областа на животната средина и просторното планирање а постојано соработува со Обединетите нации, ЕУ институциите, Светската банка, Меѓународната агенција за енергетика, и владини агенции ширум светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските граѓани очекуваат дека со помош на Трамп војната во Украина ќе заврши во следните неколку месеци
Следна Статија Прифатени барањата на Обвинителството за новосомничените за пожарот во Кочани, притвор од 30 дена за четири лица, домашен притвор за шест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков бара да се затвори Зоолошката во Скопје поради можна епидемија на туберкулоза

Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот гибон за кој, според нашите сознанија, по извршениот патолошкиот…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патот Крива Паланка – Деве Баир во прекин поради одрон

Од 05:05ч. сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Деве Баир е во прекин поради одрон. Сообраќајот на државните…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег

Поради наноси од снег, од 07:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово –…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?